ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
Пороен град на француските Пиринеи предизвика прекинување на третата етапа од велосипедската грантур-трка Вуелта, пишува агенцијата „Ројтерс“. Со преостанати 15 км од 174-километарската етапа, велосипедистите се приближуваа до врвот на Кол де Мон-Луис, кога огромни зрна град почнаа да отскокнуваат од асфалтот и да ги погодуваат велосипедистите.
Во тие моменти Матс Венцел и Лоренцо Фортунато беа 25 секунди пред другите натпреварувачи, а кратко потоа организаторите на трката објавија дека етапата нема да продолжи, оставајќи ги гледачите фрустрирани на целта, каде што дебели слоеви град го покрија патот, пишува „Ројтерс“. Претходно во третата етапа беше топло и сончево на рамните приоди кон планинската завршница.
Словенецот Тадеј Погачар го задржа своето водство од девет секунди во генералниот пласман на годинашната Вуелта, пред Белгиецот Ваут ван Аерт, а Британецот Мет Бренан беше 10 секунди зад него. Н.М.



































