СВЕТСКИ КОНГРЕС НА ШАХОВСКАТА КОМПОЗИЦИЈА ЗА 2026 Г.
Во рамките на 68. Светски конгрес на шаховската композиција (СКШК), во Магдебург (Германија), македонскиот велемајстор (ВМ) за шаховски композиции Зоран Гавриловски победи со свој оригинален самомат (вид шаховски проблем во кој играчот што е на потег, најчесто белиот, има цел да го принуди својот противник, црниот, да му даде мат во одреден број потези), на шестдневниот турнир во компонирање. На истиот турнир Гавриловски освои пофалби во таа група и во групата на помошни матови, а на неофицијалните турнири „Сабра“ и „Аземур“ освои почесни признанија.
На 49. Светско првенство (СП) во решавање шаховски композиции за 2026 година екипно прва е Германија, пред Полска и Израел. Најдобар поединечен решавач беше Русинот Данила Павлов, пред Полјакот Пјотр Мурџа и Германецот Арно Цуде.
На седниците одржани во рамките на СКШК, Гавриловски учествуваше преку интернет-врска како замена за македонскиот делегат во Светската федерација на шаховска композиција (СФШК), Никола Столев. СФШК донесе повеќе одлуки за одржување првенства и други турнири, вклучувајќи го Светското првенство (СП) во составување шаховски композиции 2025-2027 и СП 2027 во решавање во Грција.
Констатиран е напредок во селекцијата на шаховските композиции за албумот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), официјална антологија на најдобри шаховски композиции за 2022-2024 година, во кој директор на групата самоматови е меѓународниот судија на ФИДЕ Гавриловски, кој е и поранешен двократен светски првак во групата самоматови. Г.И.




































