Синоќа со изложбата „По стапките на животот“ на ликовната уметница Мелихат Тузун од Турција во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци свечено беше означен стартот на јубилејното триесетто по ред издани на меѓународната ликовната колонија „Михајлово- Кавадарци 2026“.Оваа ликовна колонија која во првите години се одржуваше во детското одморалиште „Михајлово“ на падините на Кожув Планина сведочи за три децени посветеност на уметноста, творештвото и културните вредности на кавадаречките уметници пред се големи ентузијасти кои се вложија себеси во напорите ликовната колонија да опстане. Јубилејното издане воедно се одува и во спомен на кавадаречкиот ликовен уметник Гоце Јосифовски -Ромбо од чие уметничко семејство годинава ќе земата учство тројца млди уметници, Ристе, Методи и Игор Јосифови. Годинава на колонијата ќе земат учество 38 уметници од кои најмногу од Македонија, потоа Турција, Црна Гора. Бугарија, Србија, Косово, Финска и Италија кои до 29 август ќе творат во прекрасниот амбиент на месонста Моклиште и ресторанот „Моклиште“ инспирирани од природата и традицијата на Тиквешијата.
Под кураторство на ликовниот уметник Владимир Темков ликовната колонија „Михајлово- Кавадарци“ низ годините прерасна во една од најзначајните ликовни манифестации во Македонија а несомнено е и една од најмногубројните ликовни колонии која цели три децени успешно ги сплотува македонските уметници со уметниците од други држави и култури претворајќи го градот Кавадарци и Тиквешијата како лозарски регион во инспирација за бројни уметнички дела.
Ликовната колонија се одржува со подршка на Министерството за култура и локалната самоуправа како и бројни оргаанизатори и подржувачи на уметноста во Кавадарци.








































