Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Во согласност со својот мандат, администрацијата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) го истражува концептот за спојување на комерцијалните права на ФИФА, кои опфаќаат емитување, спонзорство, билети и лиценцирање, со оперативната испорака на турнирите на ФИФА преку создавањето на ФИФА Форвард ентерпрајз (ФФЕ), и почнат е процес на консултации по приемот на предлогот, кој има цел да го отклучи целосниот потенцијал на правата за емитување и спонзорствата на ФИФА низ целото нејзино портфолио на турнири во машки, женски и младински фудбал, пишува Светската фудбалска федерација.
Клучно за ова би било репозиционирањето на ФИФА Форвард, водечката програма за развој на ФИФА, која има цел да го зголеми финансирањето по членка на Светската фудбалска федерација од осум милиони долари на 20 милиони долари за циклусот од 2027 до 2030 година и потоа постојано да расте циклус по циклус, а ова финансирање би ги поддржало инфраструктурата, тренирањето, националните селекции, натпреварите, фудбалот на локално ниво и фудбалот за жени, пишува Светската фудбалска федерација. Со целосно почитување на демократските и управувачките принципи на ФИФА, лансирањето на оваа нова структура е предмет на поддршка од мнозинството земји членки и соодветните одобренија од Советот на Светската фудбалска федерација, пишува ФИФА. Н.М.