Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Веста за неговата смрт ја објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
– Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Ќе го паметиме како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце. Моите мисли се со неговото семејство и со сите кои го почитуваа – напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Илиевски ја водеше општината од 2021 година и беше повторно доверен од граѓаните за втор мандат. Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца, а неговата кариера беше поделена меѓу здравството, локалната политика и спортскиот менаџмент.


