Фото: „Нова Македонија“ / Архива

Под влијание на циклонска активност која се движи од Турција, денеска во земјава се очекува нестабилно време проследено со дожд, грмежи и засилен ветер.

Според најавите на метеоролозите, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилни врнежи од дожд, силни налети на ветер и услови за појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 28 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност, која ќе донесе дожд, грмежи и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 33 степени.

Нестабилното време ќе се задржи и во наредните денови, сè до петок, кога се очекува стабилизирање на временските услови и почеток на период со претежно сончево и потопло време.

За четврток метеоролозите најавуваат изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, додека од викендот дневните температури повторно ќе бидат над 30 степени.