Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при што беше извршено опожарување возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Министерството во реакцијата исто така информира дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот – се додава во реакцијата.


































