Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху да не иницира нов воен конфликт со Иран, посочувајќи дека во таков случај Израел би можел да се соочи со намалена американска поддршка.

Во интервју за политичкиот портал „Аксиос“, Трамп откри дека во разговор со Нетанјаху упатил директна порака за претпазливост.

 – Му реков: „Биби, подобро внимавај, инаку многу брзо ќе останеш сам“ – изјавил американскиот претседател.

Трамп истовремено ги отфрли критиките дека евентуална воена ескалација со Иран би била спротивна на неговото предизборно ветување дека нема да вовлекува САД во нови конфликти, порака што често ја истакнуваше за време на кампањата за враќање во Белата куќа.

Неговите изјави доаѓаат само неколку часа пред Израел и Иран да разменат одмазднички напади, развој на настаните што повторно ги засили стравувањата од поширока дестабилизација и можен регионален конфликт на Блискиот Исток.