Дрон утрово се урна во станбена зграда во градот Галац, Романија, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата.
Две лица се полесно повредени и однесени во болница, објавува романскиот портал „Диги 24“.
Пред инцидентот, до жителите на градовите Браила, Тулча и Галац била испратена предупредувачка порака, по што два романски борбени авиони Ф-16 полетале за надзор на воздушниот простор, пренесе „Танјуг“.
– Пилотите на авионот имаа овластување да дејствуваат врз цели во текот на целиот период на тревога – соопшти Министерството за национална одбрана.
Градот Галац се наоѓа во близина на границата со Украина и Молдавија. Полицијата и пожарникарите пристигнаа на местото на настанот и интервенцијата е во тек, објавуваат романските медиуми.
































