Фото: ЕПА

Вашингтон воведе санкции против новоформираното иранско тело задолжено за надзор и контрола на бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, соопшти американското Министерство за финансии.

Станува збор за „Управа за контрола на Персискиот Залив“ (Persian Gulf Strait Authority), агенција што Техеран ја формираше за управување со транзитот низ стратегискиот морски премин.

Во соопштението на американското Министерство за финансии се наведува дека секое лице, компанија или субјект што соработува со ова тело може да се соочи со американски санкции.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека обидите на иранските структури да вршат притисок врз глобалната поморска трговија претставуваат закана за меѓународната економија.

Ормускиот Теснец е еден од најважните светски енергетски коридори, низ кој минува значителен дел од глобалната трговија со нафта и гас.