Фото: ЕПА

Цената на нафтата денеска бележи раст на меѓународните берзи по новиот американски напад врз Иран.

На лондонската берза, попладнево барел нафта се тргуваше по цена од 104,56 долари, што претставува зголемување од 4,21 долари во однос на претходниот ден.

На американската берза, пак, цената на нафтата изнесуваше 94,36 долари за барел, што е за 2,24 долари пониско. Тргувањето на американската берза вчера не се одвиваше поради празник.

Растот на цените доаѓа во услови на зголемени геополитички тензии по новиот американски напад врз Иран.