Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА

Њујорк се врати во финалето на кошаркарската НБА-лига првпат од 1999 година откако го победи Кливленд со 130-93, а вкупно со 4-0 во победи, во финалето на Источната конференција. Њујорк е четвртиот тим што има серија од 11 победи во текот на постсезоната, а претходен што го направи тоа беше Голден стејт, кој имаше серија од 15 натпревари на патот до втората титула во три сезони во 2017 година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Њујорк во финалето на НБА-лигата ќе игра со актуелниот првак Оклахома или со Сан Антонио. Финалето на Западната конференција е изедначено, 2-2 во победи, а петтиот натпревар во Оклахома Сити се играше рано изутринава. Оклахома или Сан Антонио ќе имаат предност на домашен терен во финалето, поради подобриот резултат во регуларната сезона.
Ова ќе биде трет настап на Њујорк во финалето, откако ја освои својата втора титула во 1973 година, а загуби во седум натпревари од Хјустон во 1994 година и во пет од Сан Антонио во 1999 година, пишува АП. Н.М.