фото: Маја Јаневска - Илиева / Илустрација

Досега се откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

– Прва пролетна култура којашто влегува во процес на откупот, односно пласман е пролетната зелка. Во струмичкиот регион оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 1 јануари до денешен ден се откупени некаде над 60 милиони килограми, што е за некаде околу 8-9 милиони килограми повеќе во споредба со истиот период минатата година. Ова е доказ дека производството расте – истакна Трипуновски во изјава за емисијата „Аграр“.

Тој додаде дека процесот на откуп на пролетната зелка сè уште е во тек, но веќе влегува во својата завршна фаза.