Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не доаѓа предвид употреба на нуклеарно оружје во евентуален конфликт со Иран, пренесе ДПА.
-Зошто би користел нуклеарно оружје? Ние веќе, на многу конвенционален начин, ги десеткувавме – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
-Не, не би го користел. Никогаш не треба да му се дозволи на никого да користи нуклеарно оружје – додаде тој.
На прашањето за можноста за долгорочен мировен договор со Иран, Трамп кусо одговори: „Не ме брзајте“.
Претходно, Трамп ги засили стравувањата откако се закани дека ќе ја „збрише“ иранската цивилизација доколку Техеран не ги исполни неговите барања.
САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Двонеделниот прекин на огнот стапи во сила на 8 април, а во вторникот беше еднострано продолжен.

































