Во Куманово рано утринава избувнал пожар во две паркирани возила на улицата „Никола Вапцаров“, информираше полицијата. Во пожарот нема повредени лица.
– Денеска во 01:11 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул. „Никола Вапцаров“ во Куманово настанал пожар во паркирани патнички возила „опел“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Е.Ф. од Куманово и „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.С., а дадено на користење на В.М. од Куманово – соопшти полицијата.
Пожарот го изгасила Територијална противпожарна единица Куманово од каде информираат дека интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари, пренесе МИА.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.



































