ШАХ – ТУРНИРИ НА КАНДИДАТИТЕ
Јавокир Синдаров (Узбекистан) пропушти убава можност со црни фигури да победи на мечот со Матијас Блубаум (Германија), дозволувајќи му на Аниш Гири (Холандија) со победата во 9. коло на дуелот со Фабијано Каруана (САД) да ја намали неговата предност на врвот на табелата на Турнирот на кандидатите на Кипар за предизвикувач на светскиот првак во шах. Преостанатите две партии завршија со реми, и тоа Хикару Накамура (САД) и Андреј Есипенко (Русија) и Прагнананда Рамешбабу (Индија) и Ји Веи (Кина). На табелата води Синдаров со седум поени, а потоа се Гири со 5,5, Каруана со 4,5, Рамешбабу, Блубаум, Накамура и Веи со по четири и Есипенко со три.
Кај шахистките, Ваишали Рамешбабу (Индија) и Жу Џинер (Кина) останаа на врвот, сега со по 5,5 поени, откако победија на дуелите со Дивја Дешмух (Индија), односно со Катерина Лагно (Русија). Со реми завршија партиите Ана Музичук (Украина) – Тан Жонгји (Кина) и Александра Горјачкина (Русија) – Бибисара Асаубаева (Казахстан). Табела: Рамешбабу и Џинер по 5,5 поени, Музичук пет, Дешмух и Лагно по 4,5 поени, Горјачкина и Асаубаева по четири и Жонгји три. Г.И.
































