Фото: „Нова Македонија“

РАКОМЕТ – МЛАДИНСКА ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Ракометните надежи на Еурофарм Пелистер (играчи до 18 години) го совладаа данскиот претставник Алборг со 24-23 на турнирот што се игра во Пореч (Хрватска) и денеска ќе играат во финалето (од 16.30 часот), за пласман на фајналфор-турнирот во младинската Лига на шампионите (ЛШ), во Келн (Германија). Ривал на Еурофарм Пелистер ќе биде победникот од второто полуфинале, играно вчера доцна попладне, меѓу Загреб од Хрватска и Фуксе Берлин од Германија.
Во вчерашниот полуфинален натпревар младите битолчани одиграа одлично, водеа голема битка и на крајот триумфираа. Најдобар стрелец на натпреварот кај пелистерци беше Андреј Георгиев со 12 погодока, Јован Симоновски постигна шест…, а кај Алборг предничеше Оливер Кристенсен, со четири гола.
Еурофарм Пелистер лани настапи на фајналфор-турнирот за младинци, во Келн. Г.И.