Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел постигнал повеќе од половина од своите воени цели во конфликтот со Иран, без да прецизира временска рамка за негово завршување.
Во интервју за американскиот телевизиски канал Њузмакс, Нетанјаху посочи дека операциите продолжуваат според планираното.
-Јасно е дека сме изминале повеќе од половина пат, но не сакам да одредувам временски рок – изјави тој, на 31-виот ден од конфликтот.
-Сметам дека овој режим ќе се соочи со внатрешен притисок. Засега, она што го правиме е слабеење на нивниот воен, балистички и нуклеарен капацитет, како и нивно поткопување одвнатре – додаде Нетанјаху.
































