СКИЈАЧКИ СКОКОВИ – СВЕТСКИ КУП

И претходниот рекорд го постави Ника Превц, минатата сезона, во Викерсунд, со 236 метри
Трикратната освојувачка на кристалниот глобус во скијачки скокови, Ника Превц, на натпреварите на Планица (Словенија) ја одушеви домашната публика во она што беше историски настан, откако Словенката постави нов светски рекорд од 242,5 метри за време на тренингот пред натпреварот, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). И претходниот рекорд го постави Превц, минатата сезона, во Викерсунд (Норвешка), со прескокнати 236 метри.
На натпреварот, со над 30.000 гледачи што ја бодреа, Превц оствари скокови од 228,5 метри и 221 метар, што ѝ ја обезбеди рекордната 18. победа сезонава. Еирин Марија Квандал (Норвешка) го освои малиот кристален глобус во скијачки летови, по нејзините две победи во Викерсунд (Норвешка) минатиот викенд и второто место на Планица, пишува ФИС.
Превц, која освои златен, сребрен и бронзен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) годинава во Милано и во Кортина д`Ампецо, ја заокружи сезоната со рекорден број поени, 2.676, надминувајќи го претходниот носител на рекордот, нејзиниот брат Петер Превц, кој освои 2.303 поени во сезоната 2015/2016, пишува ФИС. Н.М.