Летното сметање на времето започнува овој викенд, ноќта меѓу сабота и недела, кога во 2 часот стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред – односно наместо 2, ќе биде 3 часот.
Со тоа, граѓаните ќе спијат еден час помалку, но ќе добијат подолги денови и повеќе дневна светлина во попладневните часови.
Промената на времето во Македонија, како и во поголемиот дел од Европа, се врши двапати годишно – последниот викенд во март започнува летното, а последниот викенд во октомври зимското сметање на времето.
Годинава летното сметање ќе трае до 25 октомври, кога повторно ќе се поместат часовниците еден час наназад.
Оваа практика е регулирана со закон и усогласена со европските директиви, а ја применуваат повеќето европски земји, со исклучок на Русија, Турција, Белорусија и Исланд.
Сезонското менување на времето се користи и во дел од земјите во Северна и Централна Америка, додека не се применува во држави како Јапонија, Кина и Јужна Кореја, како и во најголем дел од Африка.
Иако Европски парламент во 2019 година изгласа укинување на сезонското поместување на времето, конечна одлука сè уште не е донесена од Совет на Европската Унија, па засега оваа практика продолжува.

































