ФОРМУЛА 1
- Ова приспособување ги одразува повратните информации од возачите и од тимовите, кои ја нагласија важноста на одржувањето на квалификациите како предизвик за перформанси, пишува во соопштението на ФИА. Промената на правилата значи дека возачите ќе можат да притискаат повеќе и да се фокусираат помалку на обновување на енергијата
Управното тело на Формула 1, во четвртокот соопшти дека ги менува своите правила за управување со енергијата за квалификациите за големата награда на Јапонија. Максималната енергија што тимовите сега ќе можат да ја црпат од своите хибридни погонски единици за време на сесијата за одлучување за почетната позиција утре ќе биде намалена на осум мегаџули (MJ) од девет MJ, соопшти Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Промената, договорена по едногласната поддршка од производителите на погонски единици на спортот, ќе „осигури дека ќе се одржи предвидената рамнотежа меѓу распоредувањето на енергијата и перформансите на возачите“, се вели во соопштението.
Формула 1 воведе нови правила годинава, при што хибридните погонски единици во автомобилите сега се поделени близу 50-50 меѓу електричната и моќноста на моторот со внатрешно согорување, пишува „Ројтерс“.
Тоа придонесе возачите да мораат тактички да „го креваат гасот“ на погонската единица додека моторот со согорување ја полни батеријата. Новите правила го зачинија натпреварувањето, со трка „тркало до тркало“ во првите две трки сезонава.
Сепак, критичарите велат дека тоа одзеде дел од возбудата од обично непрекинатите квалификациски кругови, претворајќи ги во тест за управување со батеријата, наместо во тест за вештина и храброст на возачот, пишува „Ројтерс“.
Промената на правилата значи дека возачите ќе можат да притискаат повеќе и да се фокусираат помалку на обновување на енергијата.
– Ова приспособување ги одразува повратните информации од возачите и од тимовите, кои ја нагласија важноста на одржувањето на квалификациите како предизвик за перформанси – пишува во соопштението на Меѓународната автомобилска федерација.
Понатамошни дискусии околу новите правила се закажани во наредните недели, пишува во соопштението, пренесе „Ројтерс“. Н.М.
































