Американскиот претседател Доналд Трамп се откажал од планираните напади врз иранските енергетски објекти по „цврсто предупредување“ од Техеран, објави Фарс Њуз Агенси.
Според иранските медиуми, одлуката на Трамп следела по заканите од Иран дека ќе ја таргетира енергетската инфраструктура во регионот.
Во меѓувреме, Амбасадата на Иран во Кабул на социјалните мрежи објави дека американскиот претседател се повлекол по ваквите предупредувања.
Од друга страна, Трамп претходно соопшти дека наредил привремено одложување на нападите врз иранската енергетска инфраструктура за пет дена, поради, како што наведе, „конструктивни разговори“ меѓу САД и Иран.
Сепак, според Фарс, Техеран тврди дека немало никаква директна или индиректна комуникација со Вашингтон.
































