Фото: МВР/илустрација

Во текот на вчерашниот ден (28.02.2026), полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пет лица биле приведени поради управување возило под дејство на алкохол, и тоа на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје.

Дополнително, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територијата на Тетово, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци.

Еден возач е лишен од слобода во Скопје поради управување возило од Б категорија со изречена забрана.

Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе кон побезбеден сообраќај.