Фондацијата на Светскиот куп во е-спорт (ЕВЦФ) официјално објави дека шахот ќе биде дел од првиот Куп на нациите во е-спорт (ЕНЦ), кој ќе се одржи во Ријад (Саудиска Арабија). Шахот ќе биде еден од 16-те натпревари во е-спорт на ЕНЦ 2026, а ќе се натпреваруваат 128 играчи за своите земји. Настанот има цел да го прошири шахот во глобалниот екосистем на е-спортот, овозможувајќи им на новите таленти од недоволно застапените земји да се натпреваруваат на голема сцена, пишува специјалниот шаховски портал „Чес“.
Шаховскиот турнир ќе се одржи од 2 до 8 ноември. Сите мечеви се играат во две партии, додека четврт-финалето и понатаму се игра во четири (со временска контрола од 10 минути).
Вкупно 128 играчи ќе се пласираат за шаховскиот настан на ЕНЦ 2026 преку три различни патишта, и тоа 64 директни покани преку рангирањето на Шаховската турнеја на шампионите, ограничено на еден играч по земја, 56 регионални квалификациски места на порталот „Чес“ и осум места со вајлд-карти, пишува „Чес“. Г.И.

































