Фото: Пекселс

Автор: Д-р Арена Селмани, оториноларинголог

Алергиски ринитис (АР) како клиничка форма придружена со имунолошки одговор поврзан со имуноглобулин Е (IgE), односно воспалителна реакција на назалната мукозна мембрана по апергенска експозиција. Вообичаено е поттикнат од алергени од средината како што се полен, влакна од животни, прашина, или мувла.
Првиот контакт со алерген ја нарушува интегритетот на епителната бариера, овозможувајќи интеракција со имунолошки клетки. Активирањето на Th2 лимфоцитите го стимулира производството на специфични IgE антитела од B-клетки. При повторна изложеност, антиген-IgE комплекси ги активираат мастоцитите и базофилите, што доведува до ослободување на медијатори. Овие медијатори предизвикуваат вазодилатација, зголемена пропустливост на крвните садови и едем на слузницата, резултирајќи со назална конгестија и зголемена продукција на слуз.

Класификација
а) според траењето на симптомите
Сезонски AР: Симптомите се појавуваат во специфични периоди од годината, обично за време на цветањето на поленските растенија.
Целогодишен AР: Симптомите траат целата година и најчесто се предизвикани од домашни алергени како што се грини, мувли и животински влакна.
б) според препораките на Светската здраствена организација и иницијативата АРИА (Allergic Rhinitis and its Impact of Asthma) алергискиот ринитис се дели на:
– интермитентен симптомите се појавуваат помалку од 4 дена во неделата или помалку од 4 недели во годината
– перзистентен симптомите траат повеќе од 4 дена неделно или повеќе од 4 недели годишно.

Клиничка слика
Во клиничката слика доминираат симтоми од типот на
– назална опструкција,
– назална секреција,
– кивање,
– јадеж во носот,
– алергичен риноконјунктивитис: чешање, солзење и црвенило на очите
– нарушување на спиењето и дневна заморност
– намалена концентрација и продуктивност
– намален осет за мирис.

Дијагноза
Дијагнозата се поставува врз основа на комбинаторен пристап:
– детална анамнеза и клинички преглед за препознавање на класични симптоми и нивната поврзаност со изложеност на алергени
– алерголошки тестови, како кожни prick тестови или серумски специфични IgE антитела, за потврда на сензибилизација.
– дополнителни испитувања, вклучувајќи назален провокационен тест.
Дијагнозата е потврдена кога пациентот има најмалку два носни симптоми, присутни повеќе од еден час дневно и на повеќе денови.

Лекување на алергиски ринитис
Третманот на алергиски ринитис зависи од тоа колку се сериозни симптомите и колку тие влијаат на секојдневните активности. Во повеќето случаи третманот има за цел да ги ублажи симптомите како што се кивање и затнат или течење на носот.
Третманот на алергиски ринитис вклучува:
– одбегнување контакт со алергени
– фармаколошка терапија (употреба на лекови)
– специфична имунотерапија
(1) Избегнување контакт со алергени – алергените кои се на отворено (на пример: поленот кој е сезонски присутен) не можат целосно да се елиминираат, па затоа на отворено се препорачува да се користи средство за плакнење на нос врз основа на морска сол неколку пати во текот на денот. Внатрешните алергени (на пример: куќна прашина/дерматофагоиди) нивното присуство и
концентрација може да се избегнат со елиминирање на перници, завеси, теписи, кадифни играчки и други влакнести материјали. Исто така, пожелно е да се избере антиалергиска постелнина, редовна вентилација и одржување на високо ниво на хигиенски услови на просторот.
(2) Специфична имунотерапија – поткожно аплицирање мали количини на специјално подготвен алерген односно антиген.
(3) Фармаколошка терапија – употреба на интраназални кортикостероиди, тописки или системски H1 антихистаминици, антилеукотриени и комбинирани лекови од понова генерација.
Генерално, во третманот на АР се користи поливалентна терапија, односно комбинација од овие лекови поради тоа што различни лекови имаат различен импакт врз различните симтоми.
– кај паценти со сезонски АР се препорачува интраназални корикостероиди или комбинација на интаназални корикостероиди и орални хистаминици.
– кај пациенти со персистентен АР се препорачува само интраназални корикостероиди наместо комбинација од интраназални корикостероиди и орални хистаминици.
– кај пациенти со тешка сезонска АР се препорачува фиксна комбинација од интраназални кортикостероиди и интраназални антифистаминици.
За почетен третман на назални симптоми на сезонски АР кај пациенти на возраст над 12 год.:
– монотерапија со интраназален корикостероид треба рутиснки да се препишува намесо комбинација од интраназален кортикостероид и орален антистамин.
– интраназален кортикостероид треба да се препорача пред антагонисти на лукотриенски рецептори (над 15 год.).
За умерени до тешки симптоми може да се препорача комбинација од интраназален корикостероид и интраназален антихистамин.