Фото: Фејсбук профил/ Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Солјановска Давкова, која престојува во официјална посета на Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

Според агендата на посетата, двете претседателки ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација, пренесе МИА.

Во рамки на посетата, Силјановска-Давкова ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор на Словенија,Зоран Стевановиќ.

Предвидено е македонската претседателка да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните во Љубљана.

За време на престојот во Словенија, Силјановска-Давкова ја посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде што оствари средба со претставници на Сојузот на македонските културни друштва и црковните одбори.

Таа се сретна и со македонски иселеници кои работат во областа на науката, културата и медицината, а одржа состанок и со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб. Воедно, во Крањ го посети Македонското културно друштво.

Утре, претседателката ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“.