Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Во националната меморија на македонскиот народ кукушанецот Гоце Делчев останува запаметен како еден од најголемите македонски национални херои, кој го трасираше патот кон македонската државност и самобитност. Уште додека бил жив, народот го овековечил како „апостолот и срцето на револуционерна Македонија“.
Зборовите на Гоце Делчев и денес звучат како силен повик за единство и верба во нашата Македонија.