Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша пакет-закони за финансирање на федералната влада, со што се става крај на кратката блокада на владата што започна во саботата, објави синоќа Ен-би-си.

Претставничкиот дом на САД претходно гласаше на двопартиско гласање за одобрување на пакетот за финансирање на владата, со 217 гласови „за“ и 214 „против“.

Предложениот пакет би обезбедил финансирање за федералната влада до крајот на септември, со исклучок на Министерството за внатрешна безбедност, чие финансирање е продолжено за две недели додека не се постигне договор за реформите што ги бараат демократите, особено во врска со агенциите за царинска и гранична заштита.

По процедуралното гласање, Конгресот сега има 10 дена да постигне поширок договор за финансирањето на Министерството за внатрешна безбедност, а новото времетраење на сегашното финансирање истекува на 13 февруари.