mirovni pregovori
Фото: ЕПА

Во Абу Даби денеска почнаа преговорите меѓу Украина и Русија под покровителство на Соединетите Американски Држави, соопшти Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.

– Преговорите започнаа денеска во Абу Даби и, според распоредот, треба да траат два дена, во рамки на континуираните напори за поттикнување дијалог и изнаоѓање политички решенија за кризата – се наведува во соопштението на Министерството.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трилатералните мировни преговори за Украина ќе се фокусираат главно на територијални прашања, при што клучно останува прашањето за Донбас.

– Разговаравме кои се главните линии по кои ќе се движат преговорите, темите и посакуваниот исход – рече Зеленски, цитиран од „Укринформ“.

Тој додаде дека членовите на украинската делегација веќе го земале предвид фактот дека форматите на преговорите може да бидат различни.

– Делегацијата ќе носи одлуки директно на терен и ќе реагира во зависност од тоа како ќе се развива дијалогот, бидејќи овој формат се користи за првпат по подолг период – изјави украинскиот претседател.