Protest Stop za USJE
Фото Маја Јаневска Илиева

Во органиџација на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска во 18 часот неколку стотини граѓани ја започна граѓанската блокада на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје.

Граѓаните велат дека протестот е одговор на долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси.

Од „Стоп за Усје“ истакнуваат дека блокадата е мирен, но решителен протест против континуираното загадување и труење на жителите на градот. Според нив, институциите долго време толерираат проблем кој влијае на здравјето на граѓаните, наместо да обезбедат соодветна заштита.

Граѓаните бараат итна дислокација на цементарницата „Усје“, за која сметаат дека е причина за алармантната состојба со амбиенталниот воздух во Скопје. Населението се гуши, маглата станува секојдневен декор, особено во источниот дел на градот, а загадувањето зимава се комбинира со емисии од греењето, според студии за потеклото на загадувањето.