Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка, информираат од Јавното обвинителство.
-Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од лице место – соопшти ЈО.
Во текот на ноќта, се вели во соопштението, беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки.
По наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.




































