Фото: Маја Јаневска Илиева

На граничниот премин Дојран времето на чекање за излез од земјава е 30 минути, а на „Табановце“ 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост до 100 метри поради магла има во Крушево.