Одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да го поништи најголемиот соларен проект во историјата на Соединетите Американски Држави предизвика бран незадоволство и загриженост во двете политички партии. Станува збор за проектот „Есмералда 7“, кој требаше да се гради во пустината Невада, со планирано производство до 6,2 гигавати енергија – доволно за снабдување на околу два милиона американски домаќинства. Под администрацијата на Џо Бајден, проектот „Есмералда 7“ беше во финалната фаза на одобрување. Седумте соларни полиња требаше да се протегаат на 118 илјади хектари федерална земја во пустината Невада, со комбинација на соларни панели и големи системи за складирање енергија.
Планот беше едноставен: да се искористи бескрајното сонце на западот на САД за да се растовари енергетската мрежа, која веќе се соочува со експлозивен раст на потрошувачката – пред се поради АИ-центри за податоци и растечки центри и растечка побарувачка од станбен сектор. Но Канцеларијата за управување со земјиштето тивко го промени статусот на проектот. Министерството за внатрешни работи порача дека тоа не е крај, туку дека развивачите можат повторно да поднесат поединечни предлози за проекти. Таквиот процес, сепак, значи години чекање бидејќи анализите на влијанието врз животната средина се долготраен процес, а секоја поединечна дозвола може повторно да биде одбиена.
Додека енергетските експерти зборуваа за пресвртница во развојот на американската обновлива енергија, еколошките здруженија предупредуваат за огромни ризици за животната средина.