Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за укинување на увозните царини за бразилското говедско месо, кафето и некои други земјоделски производи, кои беа погодени од царините од 40 отсто што ги најави Трамп во јули, соопшти Белата куќа.
Указот ќе се однесува на бразилскиот увоз во САД што е реализиран на или по 13 ноември и може да бара враќање на царините наплатени за овие стоки, се вели во текстот на наредбата објавена од Белата куќа.


































