Фото: РФМ/Фејсбук

Почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Спортот и ракометот пред се изгубија вреден спортски работник.

Тој како селектор ја предводеше македонска ракометна репрезентација, на Светското првенство 2009 година во Хрватска. Но, белег остави и со работата со младите категории: освојувањето на шестото место на СП во 2017 година во Алжир и претходно ги водеше младинците до четвртото место на ЕП 2002.

Темелковски важеше за еден од најдобрите ракометари во својата генерација во тимот на Тинекс Пролет што бележеше добри резултати во времето на поранешна Југославија. По завршувањето на играчката кариера тој во неколку наврати беше и тренер на Тинекс Пролет и остана дел од клубот до самата смрт, како дел од младинската школа на РК Тинекс Пролет.

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на градски гробишта Бутел.