Инженерите демонстрираа чип 6Г, кој може да обезбеди брзина на интернетот над 100 гигабајти во секунда, што е 10 пати побрзо од теоретското ограничување на 5Г – и близу 500 пати побрзо од просечната брзина. Иако не се очекува дека комуникациските мрежи 6Г ќе започнат да се воведуваат пред 2030 година, основите мора да бидат поставени многу порано.
Веќе видовме неколку прототипа што достигнуваат вакви брзини, но обично не се толку ефикасни како новиот чип, кој го развија научниците од Пекиншкиот универзитетот и Градскиот универзитет во Хонгконг, како и Универзитетот во Калифорнија, пишува „Сајенс алерт“.
Чипот е ситен, со димензии 11 милиметри на 1,7 милиметри. Но внатре во тоа мало пакувањe е сместен „ултраширок спектар“ на фреквенции, во опсег од 0,5 до 115 гигахерци. Покривањето на овој спектар бара девет различни радиоопсези, задача што обично бара разновидни компоненти, што се постигнува со помош на електрооптички модулатор, кој ги претвора радиосигналите во оптички сигнали. За да оди по друг пат, чипот користи оптоелектронски осцилатори за генерирање радиофреквенции во внатрешноста на ултраширок опсег. Тоа му овозможува на новиот чип да работи со брзина над 100 гигабајти во секунда (Gbps). За споредба, 5Г-технологијата достигнува максимални 10 Gbps, но во практична употреба е многу побавна од тоа: провајдерите во Америка, на пример, обично нудат просечни брзини помеѓу 150 и 300 Мbps. Иако компаниите сè уште имаат многу работа на развојот на инфраструктурата, безжичната 6Г-технологија е речиси неизбежна. Нејзиниот развој се очекува следната декада.