Човечкиот организам илјадници години се навикнувал да користи храна од природно потекло, така што нашиот организам сигурно повеќе се радува на природните витамини отколку на некои вештачки. Верувате или не, човечкиот организам е доволно способен да ги разликува природните од вештачките витамини. Некои синтетички или вештачки витамини (а особено оние што се растворливи во масти, липосолубилни) се изработуваат од изолирани нутриенти или синтетички состојки што често не можат лесно да се исфрлат од организмот, па се акумулираат во масното ткиво. Ова акумулирање може да биде и многу токсично. Најголемиот број вештачки витамини се произведуваат од хемиски компоненти и синтетички состојки, кои не можат да се најдат во природата. За разлика од витамините што се растворливи во маснотии (А, Д, Е, К), вештачките витамини што се растворливи во вода лесно се елиминираат од организмот. Кога ќе земете некој вештачки витамин, на пример Б12, ќе забележите дека бојата на урината се менува и станува темножолта. Не грижете се, вашиот организам функционира сосема добро, бидејќи го отфрла она што не може да го искористи.
Сите вештачки витамини, за разлика од природните, имаат мала биодостапност, така што поголем процент на витамини што ги внесуваме се елиминира. Алтернатива на вештачките витамини се природните. Доколку сте здрави, јадете свежо овошје и зеленчук, но не заборавајте на рибата и интегралните житарки. Не размислувајте за витамините само кога вашиот имунолошки систем е слаб, хранете се здраво, со намирници богати со витамини и други висококвалитетни нутриенти.