Авторот на култната емисија „На Рубу Знаности“, легендарниот Крешимир Мишак доаѓа на Меѓународниот Славјански универзитет „Свети Николе“ во Свети Николе.
На 19-ти септември, со почеток во 20 часот, во големиот амфитеатар на Универзитетот ќе се одржи предавањето насловено како „Светот во пресрет на трансхуманизмот“, по коешто присутните ќе можат да постават прашања, но и да си набават книги од Крешимир Мишак, кој има објавено повеќе од 10 изданија.
На 20 септември, со почеток од 19:30 часот, во „Mayberry Highway Hotel“ во Свети Николе, ќе се одржат неколку концерти. Вечерта ќе започне со „Street Tale“, а ќе продолжи со нашиот специјален гостин од Хрватска и изведба на репертоарот од неговиот последен албум „Dođite u moj cloud“, а за на крај ќе настапи Игор Станоески – Иги Ман со неговиот бенд.
Пријавете се на следниот линк, местата се ограничени: https://msu.edu.mk/kreshimir-mishak-na-megunaroden-slavjanski-univerzitet-vo-sveti-nikole/