Фото: МВР
Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена пријава против лицето, од кое на социјалните мрежи беше објавено видео и фотографии како влече куче врзано за автомобил.
– На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел. По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава – информираат од МВР.
Според објавите на социјалните мрежи, тој потоа го фрлил кучето во бездна, а пожарникари од Крива Паланка, организираа акција за негово спасување.