Да го зачуваме сеќавањето на хероите
Со панихида што ја извршија свештеници од Прилепското архиерејско намесништво и со полагање цвеќиња на рускиот крст во германските гробишта, денеска во Прилеп, Амбасадата на Руската федерација го одбележа 1 август – Денот на сеќавањето на руските војници кои загинаа во Првата светска војна од 1914-1918 година. Во одбележуавњето кај споменикот на војниците на Руската императорска армија на воените гробишта во Прилеп, каде што се погребани десет руски војници, се вклучија претставници од Општина Прилеп, од Македонско руско друштво Прилеп и Здружението Ростковски од Битола.
-Тие десет војници се од пет илјади војници и офицери од 2-та и 4-та Специјална бригада на Руската армија, кои, учествуваjќи во борбените деjствиjа на Солунскиот фронт во состав на Источната армија на Антантата, демонстрираа многубројни примери на одважноста и хероjството и, бореjќи се храбро, загинаа на македонската земја. Вечна им слава! – рече Сергеј Баздникин, амабасадор на Руската федерација во земјава, обраќајќи им се на присутните.
Според него, Русија ја исполнувала својата сојузничка должност не само во Прусија или во Галиција, туку и на јужното крило.
-Херојството и борбените вештини на руските војници одиграа важна улога во успехот на сојузниците во низа операции на територијата на Македонија. Во текот на Манастирската офанзива, на пример, беше заземен голем транспортен центар – денешниот град Битола. Русија секогаш ќе го чува благодарното сеќавање на своите херои, на нивната борбена слава. Во пресвртно, тешко време за светот и за руската држава, руските војници и офицери ги даваа своите животи за независноста и слободата на нашата Татковина. Нашата должност е да го зачуваме сеќавањето на нив и да го пренесеме на идните генерации – посочи рускиот амбасадор.
Според Баздникин, годинава кога го одбележуваат светиот за нив празник – 80-та годишнина од Големата Победа во Втората светска војна, познато е дека многу ветерани од Првата светска војна се бореле на фронтовите на Големата Татковинска војна, ги пренесувале традициите на борбеното другарство, своето борбено искуство на војниците на Црвената армија, и ова е јасен пример за поврзаноста на времињата, на непрекинатоста на руската историја, на бесценетоста на поимот Татковина за руските војници.
Амбасадорот Сергеј Баздникин, се осврна и на денешната состојба, истакнувајќи дека Русија не ја сакала оваа војна, но била принудена да стапи во неа за да го заштити братскиот словенски народ.
-До последен момент се обидувавме да ја убедиме Европа мирно да ги реши противречностите. Токму така постапувавме и во пресрет на специјалната воена операција во Украина, упорно предлагајќи опции за обезбедување на еднаква и неделива безбедност во Европа – бевме игнорирани. Денес, – како и пред повеќе од сто години, – лишен од здрав разум и проповедан од европските земји милитаризамот е закана за нашиот заеднички континент. Елитите на овие земји всадуваат страв од Русија кај населението. Јасно е дека ова се прави за да се оправда растот на воените трошоци. За тие луѓе кај нас велаат: «За некои војна е војна, за други таа е нивната мајка»…Во текот на специјалната воена операција, нашите вооружени сили се борат не само за светлата иднина на Татковината. Во прашање е праведен светски поредок во кој гласот на секоја држава – без оглед на големината, политичкото и економското влијание – ќе биде суверен, вистински независен. За поредок во кој големите и малите држави ќе бидат вистински еднакви пред принципите на Повелбата на ОН. И самите овие принципи ќе бидат почитувани – не селективно, туку потполно и целосно. Се бориме и, секако, ќе победиме – не мора да има сомнеж во тоа. Руското општество е обединето како никогаш досега. Борбената готовност на нашите вооружени сили е на највисоко ниво во светот. Денес не постојат средства кои можат да се спротивстават на најновите видови на вооружување што ги поседуваме. Сите цели на специалната воена операција ќе бидат постигнати – на бојното поле или на преговарачката маса – рече амбасадорот Баздникин во своето обраќање во Прилеп, заблагодарувајќи им се на присутните за грижливото зачувување на споменикот на руските војници, што е доказ за вистинскиот став на братскиот македонски народ кон Русија, кон рускиот народ, кон нејзините херојски војници.

Ка.М.