ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС
Тадеј Погачар направи чекор кон освојувањето на својот четврти Тур де Франс, откако го победи својот ривал Јонас Вингегард во 18. етапа, во која победи Бен О’Конор, пишува „Би-би-си“. Погачар стигна пред својот најблизок ривал во последните 500 метри и го зголеми своето водство во генералниот пласман пред двократниот шампион Вингегор, на четири минути и 26 секунди, на три етапи до крајот на годинашната велосипедска грантур-трка Тур де Франс.
Оваа етапа имаше три големи искачувања, принудувајќи ги велосипедистите да имаат повеќе од 5.500 метри искачувања во 171,5 км трка, пишува „Би-би-си“. Сите три искачувања беа во категоријата најтешки планини на трката, а 2.304 метри надморска височина претставуваше највисока точка на годинашната трка, која треба да заврши утре во Париз.
Генерален пласман на Тур де Франс по 18 етапи: Погачар, Вингегард (плус 4:26 минути), Флоријан Липовиц (плус 11:01 минути), Оскар Онли (плус 11:23 минути), Примож Роглич (плус 12:49 минути)… Н.М.