Календар за 2019 година со слики од Путин доби поголема популарност во Јапонија од календари на кои има локални ѕвезди од земјата. Без разлика дали Путин е претставен како ужива во студената вода на езерото Селигер или додека вежба во теретана, сепак тој го забрзува пулсот на илјадници луѓе во Јапонија, пренесува „Гардијан“.
Иако остануваат уште две недели од старата година, календарот на Путин достигна поголема популарност во Јапонија од оние на кои се наоѓаат јапонскиот актeр Кеи Танака и Јузуру Ханју, шампион во уметничко лизгање.
Ова не е првпат Путин да се појави на календарите во Јапонија. На календар за 2016 година Путин беше претставен на слики за време на рибилов и како тренира џудо. Во 2017 година, пак, тој се појави на слики од календари додека игра со неговите кучиња, меѓу кои беше и неговата Јапонска Акита, која му беше подарена од гувернерот на Акита како благодарност за дадената помош од Русија во март 2011 година, откако се случи тројната катастрофа која ја погоди Јапонија составена од земјотрес, цунами и нуклеарната криза.
За некои луѓе, календарот беше третиран како еден вид шега, но за други беше доволен поттик да ги заинтересира за Путин и неговиот животот надвор од политиката.