prskanje so voda
Фото: Пиксабеј

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека и покрај секојдневните апели и превземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем.

Скопјани во еден ден потрошиле 140 олимписки базени со вода или во просек секој по 664 литри.

-Како последица на сето ова, се соочуваме со прекини на водоснабдувањето на високите зони во делови од градот – нагласуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје, апелираат до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата, како и доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk.

-Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје – посочуваат од Ј.П Водовод и канализација – Скопје.

Ако се земе дека според податоците од последниот Попис 2021 во Скопје живеат 526 502 жители, тогаш секој жител во просек дневно троши повеќе од 664 литри вода.

Колку за споредба, ако се земе во предвид дека еден олимписки базен со димензии 50 на 25 метри и длабочина од 2 метри собира 2 500 000 литри вода, а во Скопје биле потрошени 350.000.000 литри тогаш Скопјани само во еден ден потрошиле околу 140 олимписки базени со вода.