Фото: Пиксабеј

ТЕНИС

Вкупниот награден фонд на годинашниот тениски гранслем-турнир во Вимблдон е зголемен за седум проценти и ќе изнесува рекордни 53,5 милиони фунти и е двојно поголем од тој во 2015 година, пишува „Би-би-си“. Карлос Алкараз и Барбора Крејчикова лани освоија по 2,7 милиони фунти за освојување на титулите во машка и женска конкуренција, а победниците годинава ќе добијат по три милиони фунти, што е зголемување од 11 отсто.

Тенисерите што ќе загубат во првото коло ќе добијат по 66.000 фунти, 10 отсто повеќе од лани. Ќе има и зголемување од четири отсто за победниците во двојки во машка и во женска конкуренција, кои ќе заработат по 680.000 фунти, а зголемување од три проценти има за победниците во мешани двојки, вкупно 135.000 фунти.
Организаторите, исто така, го потврдија и воведувањето електронски судиски одлуки. Технологијата, делумно испробана во минатата година, ќе стави крај на 147-годишното судење со линиски судии на Вимблдон, пишува „Би-би-си“. Поставени се повеќе од 400 камери на сите терени. Вимблдон почнува по две недели. Н.М.