КАБАЛА, ЗАБОРАВЕНА ИДНИНА (ВТОР ДЕЛ)
Кабалата е мистика, бездна, моќ на непознато, „алиени“, инсула (метафорен „остров“, изолација). Кабалата е интроспективно доживување на Бог, а не екстраспектрална инвазивност како што инпутираат теоретичари на мрачни заговори, сатанисти и антисемити, псевдоконспиративни теоретичари
Проф. д-р Самуел Колономос
Садикарио
Дрвото на животот е езотеричен концепт, примарна длабока езотерична структура во кабалата, претворена во дијаграм со архетипови. Тоа е основна структура на постоење, која се состои од 10 „Сефирот“ – категории или нодуси или букви што означуваат категории на постоење (како категориите на Кант) – во хиерархија од горе кон долу и во три столба. Во денешно време потсеќаат на невронски мрежи и суперкомпјутери, во длабоко учење. Личи на пентагонална мрежа, со нодуси и „столбови“ што ги поврзуваат сите меѓу себе. Така остава впечаток на хиерархија, врска, енергетско ниво и индивидуалност. Десетте знаци – Сефирот се категории или архетипови и означуваат спиритуални светлини, односно врски со Бог. Означени се и со бројки. Поврзани – елевирани до Бог, или десцендирани во световните вредности. Значењето им е следно:
КЕТЕР – КРУНА
ЧОКМА – МУДРОСТ
БИНА – РАЗБИРАЊЕ
ХЕСЕД – МИЛОСТ
ГЕВУРА – ЖЕСТОКОСТ
ТИФЕРЕТ – УБАВИНА
НЕЦАХ – ВЕЧНОСТ, ПОБЕДА
ХОД – СЛАВА
ЈЕСОД – ОСНОВУВАЊЕ
МАЛКУТ – ЦАРСТВО
Дрвото на животот е „кристал“ што содржи информација за сѐ што било и сѐ што може или ќе биде (квантум сензинг). Целта е прво просветлување на „јас“ кон Бог. Второ, покажува како настанува креацијата од кетер до малкут. Трето, персонален раст со балансирање на жестокост и добрина. Четврто: тајниот код на Библијата – постои во секој збор, кажува длабока суштина и иднина (тајни трудови на Исак Њутн). Секој круг е еволутивно енергетско ниво на светоста, изразено со бројка и математика.
Хексагонот е основа на геометријата (Месопотамија) со бројот 6, а десетката е основа на аритметиката и алгебрата, кои се споени во дрвото на животот. Натан од Газа велел дека е тоа љубовта на ангелите, подоцна пренесени на космичката љубов кај хасидите во Русија, што се гледа и во сликите на Марк Шагал. Ќе зборуваме во иднина и за љубовта Исусова во исихазмот. Врските, струните (string theory) се вибрантни ентитети што ги создаваат материјата, времето и движењето (физика), па сѐ се менува и предизвикува хармонија, или судири (дијалектика), револуции, војни, среќи, несреќи (Кали Југа во Индија), откритија, нови општества, нови структури (на пр. М-теорија, „биг-бангови“, М-теорија, f(Q) гравитација – но на крајот структурата пак се враќа на базичната состојба. Медитативно, или со молитва само кон Бог, можеби можеме да влијаеме. Така се створени религии, братства (масонски, илуминати, Зелен змеј), идеологии, системи и правци во уметноста. Да го земеме само врвот – тоа е круната (Кетер) – севишност, Бог, бескрајност (Еин Соф). Круната е стилизирано сонце, знак што постои уште во Месопотамија. Моќниот египетски фараон Акнатен го сметал сонцето за единствен Бог (прв монотеизам), но поради својот слаб и болешлив наследник Тутанкамон тоа не се одржало. Замислете, ако идејата продолжела, сега светот би бил понапред за 3.500 години. Идејата за круна, езотеризмот, кабалата и на херметизмот е пред Акнатен, од Тот (Таут). Ангелот Габриел му ја пренел идејата на Бог во христијанството (Богородица – Богојавление) и исламот (пророкот Мухамед). Значи принципот на монотеизмот е продолжен преку еврејската религија, од која настанале христијанството и исламот (таканаречени абрахамски религии). Тие имале тенденции за дезинтеграции (конфликти) – спореди со шизмот на источното и западното царство, инквизицијата, борби меѓу католиците со протестантите, па и сегашните конфликти во Босна и Украина. Трите столба – лев, десен и среден – е примордијалност на идејата за светото тројство.
Меркабалнизам е интересно прикажување на летала (кочии), од времето на Језекил – искачување на небото на небески суштества (хајот) до Круната Господова (асоцијација на Царството Небеско). Идејата е енергетска елевација кон Кетер (круната, Бог, вечноста, во некои икони е и Исус со круна). Потсеќаат на паранормални појави – НЛО, телепортација, прекогниција итн. Кај Езекил има четири такви суштества што во христијанството се „тетраморф“ (симболи на четирите евангелија, уште од Египет, Асир, Грција и Иренеј). Искажување мистични имиња од конверзацијата меѓу рабините Акиба и Ишмаел, во симболи бројки и прелет во нивоа небесни (тоа се вика Машех Меркаба). Осмиот век е Шарлемањ (Карло Велики) император, кој имал склоности кон јудеизмот, а еден близок роднина Калономос, кој го поставил како принц на Франција.
Во тој период (7-8 век) некој рабин Јуда Калономос ја донел кабалата на Балканот и Италија, но Евреи имало и порано. Тогаш е почната идејата дека јудеизмот може да се спои со христијанството поради ригорозноста, и тој наметнал структурализм и фундаментализам во другите религии. Рејмонд Лул бил монах, алхемик, научник, математичар и кабалист од Мајорка, мислел ќе ги спои религиите. Тоа е почетокот на т.н. христијанска кабала. Потоа тој синкретизам го продолжиле Пабменло де Хередиа (конверзо) и Абнер од Бургос (конверзо). Инаку, свети градови на кабалата се Сафед (Цват), Ерусалим, Тибериас и Хеброн – места за радување, слава на Бога и аџилак. Од Сафед се славните кабалисти Луриа, Каро, Видал, Кордоверо, Алкабец, кои имаат влијанија до денес. Влијанијата се прошириле на „триаголникот“ Шпанија (Џирона, Андалузија, Толедо, Барселона), Франција (Карло Велики) и Балканот. Во Џирона (Шпанија) е создаден Зохар (32 тома основа на кабалата) од Шимон бар Јохаи. Дошла ренесансата и многу мотиви од Стариот завет и кабалата инкарнираат во сликите и содржините на уметноста и филозофијата (христијанска кабала, ренесанса, Ел Греко, Бош, Бројгел, Дирер, експресионизам, Мунк, Дали, Пикасо, Шагал, Кандински, постмодернизам, Мазев, современи). Кабалата се инфилтрира и во базичните ентитети (Њутн, Кант, Ајнштајн, Витен, Визел, Њујорк, Лондон, Париз, Беверли, Пајк, Маркс, Рерик, Гурџиев, Блаватска, Кроули, Хитлер, Врил, Ханусен, Рерик-Нехру-Тито, некои многу интересни доктрини во Русија, Клинтон и Трамп). Херметизмот (ќе го прикажеме другпат) е алтернативен правец на кабалата, со „рационалистички и медитативни“ сфаќања пренесени прво од Египет и Грција и примери се Аристотел, Лајбниц, Хегел, Хабермас, Ајзенхауер, некои модерни политичари… Личности се инкарнираат во 10-те Сефирот. На пример Исус и воскреснувањето во сите религии, Кетер – креатор, дух, Хокмах – таткото, Бинах – Богородица, горните три – Светото тројство, што е основа на христијанската кабала. Сето тоа е првично „духовно оружје“ за конверзија на Евреите. Подоцна се базира на теориите на Пико дела Мирандола (ученик на Фичино), Јохан Реиклин и Паоло Ричио. Мирандола е прочуениот „синтетски синкретизам“ – христијанство, кабала, херметизам, Платон и Аристотел. Продолжиле језуитите (Societas Iesu) преку Игнациус Лојола, Атанасиус Кирчер, Рене Декарт, Сачери, Руџер Бошковиќ (инспиратор на Тесла), подоцна Адам Вајсхауп (комбинација на илуминати и франкисти – основа на сите револуции – најпрвин Француската револуција). Вајсхауп бил под влијание на франкистите (Јакоб Франк од Полска), кои настанале под влијание на Балканските кабалисти (Натан од Газа погребан во Скопје). Се верува дека франкистите имале влијание и на Катерина Велика (синтеза со православието во Русија, со огромна експанзија на културата, уметноста и математиката во Русија). Се верува и дека мистикот кабалист Рерик имал влијание преку Русија, Индија (Нехру), Југославија (Тито) и Англија (Черчил) на глобалистичкото движење „несврстани“, спротивставено на фундаментализмот и монархизмот на Блискиот и Далечниот Исток, што е длабока основа и на денешните случувања во светот. Неодамна христијанскиот кабализам се ревитализира преку првите поглавја на Јовановото евангелие и апокалипсата Јованова. Исихазмот е апофатична доктрина паралелна со кабалистичкиот свет интелект од небески извор. Православната музика е мистично тонално доживување на Бог. Иницијација е кабалистички ритуал, потекнува од антеделувиум, Вавилон и Египет, се инкарнира кај масоните и илуминатите, најважен по раѓање и крштевање. Секое школување е иницијација. Ционизам е иницијација во светлината на Ерусалим, а комунизмот е иницијација во диктатурата на пролетаријатот. Филозофијата е иницијација на мудроста и когнитивниот илуминизам. Кај Маркс на врвот (Кетер) е работничката класа, која преку главната еманација – трудот создава (роба, commodity) сѐ што е материјално потребно. Трудот е маката, односно казната на Адам заради измамата заедно со Ева, со посредство на змијата (симбол на спојка од итрина со мака, опасност, живот, смрт, но и симбол на мудроста и медицината). Трудот го креира овој свет до денес. Од зборот труд доаѓа и трудноќа и болка при пороѓај (labor), што значи создавање, еманација – ние што сме светост или клетва. Маката е инкарнација на светот – работничка класа (Марксизам, „комунизми“) или армија (фашизам) и лидер (псевдокреатор), во денешно време и издегенериран сатанизам, или луцифер-лидеризам (илуминизам, ултрабогатства, артифициелна интелигенција, постхуманизам), или извитоперен реализам (во сликарството – Мунк, Бејкон, Ото Дикс, постматеријализам, постмодернизам…). Дисторзијата е симбол на креативноста, еволуцијата, нова когниција, но и деконструкција (Котлер, Глисен, Ивана Башиќ). Зошто елитите се фасцинираат од кабалата (елити, илуминати, Череп-Коски, артисти, Јекил Ајленд)? Затоа што кабалата е мистика, бездна, моќ на непознато, „алиени“, инсула (метафорен „остров“, изолација). Кабалата е интроспективно доживување на Бог, а не екстраспектрална инвазивност како што инпутираат теоретичари на мрачни заговори, сатанисти и антисемити, псевдоконспиративни теоретичари. Останува другпат да зборуваме за влијанијата во културата, филмот, филозофиите, политиката, другите религии и во секојдневниот живот.