Фотографијата Скриен водопад на Огражден на авторката Сања Петрушовска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Она што навидум требаше да биде кратка прошетка до водопадот се претвори во вистинска авантура кога не дочека глетка од стотици попаѓани дрва долж патеката. Некој друг можеби ќе се откажеше, но со помош на чичко Драги (мештанин на Суви Лаки) стигнавме до крајното одредиште – преубав скриен водопад – вели Петрушовска.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.

„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.