Две лица вечерва го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје. Во несреќата мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
Како што информира МВР, случајот денеска во 18:23 часот бил пријавен во СВР Скопје.
– Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – соопшти МВР.