Papa Francisk
Фото. ЕПА

Телото на починатиот папа Франциск е пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан од папската резиденција „Света Марта“.

Базиликата ќе остане отворена до полноќ во деновите на поклонението, на кое се претпоставува дека ќе дојдат десетици илјади луѓе.

Погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота во 10 часот по локално време, а се очекува да присуствуваат голем број светски лидери.

Досега само кардиналите, членовите на Курија и слугите на Ватикан имаа можност да се простат од починатиот понтиф во капелата на резиденцијата „Света Марта“, каде што живееше папата.

Осумдесет и осумгодишниот Франциск, чие родено име е Хорхе Марио Берголио, почина на 21 април.

За разлика од повеќето понтифици, посмртните останки на Франциск нема да бидат положени во криптата на базиликата „Свети Петар“ – најважната црква во римокатолицизмот, бидејќи тој самиот посакал да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“.