Фото:Официјален фејсбук профил

Стејт департментот е преобемен, бирократизиран и неспособен за вршење на својата основна дипломатска мисија во новата ера на конкуренција меѓу големите сили, и затоа ќе биде сеопфатно реорганизиран, соопшти денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

Тој укажа дека надворешополитичкиот орган на САД прилично окрупнал изминатите 15 години. Иако трошоците нагло пораснале тоа не резултирало во очекуван профит од инвестицијата. Наместо ефикасна дипломатија, даночните обврзници добиле услуга што, како што рече, повеќе ѝ служи на радикална политичка идеологија отколку на клучните национални интереси на Америка.

-За да ја реализираме надворешната политика на претседателот Трамп ‘Америка на прво место’, мора повторно да го направиме Стејт департментот голем – рече Рубио.

Тој најави реорганизацијата, што „ќе го внесе Департментот во 21-виот век“, и тоа преку консолидација на регионалните функции, укинување на дупликатите и елиминирање на програми што не се во согласност со стратешките приоритети на САД. Рубио изјави дека оваа промена ќе овозможи поголема ефикасност меѓу разните агенции, дирекции и амбасадите на САД ширум светот.

-Имаме врховен командант кој е посветен на тоа да ги стави Америка и Американците на прво место. Како негов државен секретар, уверен сум дека реформираниот Стејт департмент одговора на овој моментот, со што ќе помогне повторно да ја направиме нашата земја голема – додаде тој.