Фото: Пиксабеј

На 17 март 2025 година Уанг Ји, член на Политбирото на ЦК на ККП и министер за надворешни работи на Народна Република Кина, му упати порака со сочувство на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Макадонија, по повод пожарот во Кочани на 16 март, што предизвика сериозен број на жртви.
Уанг Ји изрази најдлабоко и искрено сочувство до жртвите и нивните семејства и посакува брзо закрепување на повредените.
-Шокиран сум од веста за пожарот во Кочани што предизвика голем број на жртви. Примете го моето најдлабоко и искрено сочувство до жртвите и нивните семејства. Посакувам брзо закрепнување на повредените – се вели во пораката со сочувство на Уанг Ји.